Во ЈСП не смее да се влегува со колички за на пазар – ги симнувале старите кои носеле


Во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје не е дозволено да се влегува со полни колички за пазар, се жалат патниците, во автобусите не смеат да се возат со куфери кон или од Железничката или Меѓуградската автобуска станица.

Марија Kрстевска, 78-годишна пензионерка, неодамна се возела во автобус со број 4 и била изненадена кога контролорот ја опоменал дека повеќе не смее да се вози со полна количка, пишува Дневник.

jsp patnici– Kонтролорот ми покажа натпис во самиот автобус, на кој пишува дека е забрането да влегувам со таква торба. Досега никој не ми кажал таква информација. Но, и да е така, не можам да сфатам зошто бидејќи јас сум постара, болна и не можам да носам тешки кеси во раце. Ако не смеам да се возам со торбата во автобус, како ќе си набавам продукти од пазар? Скапо ми е да одам на пазарување со такси – го раскажа таа своето искуство.

Скопјанка  раскажа дека нејзината мајка, пензионер, секој петок оди со празна количка за пазарување до Бит-пазар, но се враќа пеш дома и ги турка производите откако неколку пати досега ја натерале да го напушти автобусот со полна количка.

И корисници на услугите на меѓуградскиот и на меѓународниот автобуски сообраќај, како и на железничкиот, се пожалија дека наидуваат на опомена од возачот на ЈСП кога сакаат да влезат со патнички торби за да стасаат дома. Тие патници мора да викнат некој познат да ги земе со автомобил или, пак, да платат такси по неколкукратно повисока цена, особено ако живеат во подалечните населби во Скопје.

Од одделението за односи со јавност во претпријатието велат дека овие мерки се во рамките на Kодексот за патниците. Тој е објавен на интернет-страницата на ЈСП и граѓаните може да се информираат за тоа како треба да се однесуваат додека го користат јавниот превоз. Дозволените димензии на личен багаж не смеат да бидат поголеми од 100 на 60 на 25 сантиметри и потешки од 30 килограми. Исто така, забрането е носење оружје, високозапаливи, експлозивни, отровни и други опасни материи, како и предмети што можат да го загрозат животот и здравјето на патниците и на возачите.

Повеќе на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1