Во камион пронајдени безживотни тела на 39 мажи ВИДЕО


Во камион во британскиот град Есекс пронајдени се безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството.

Камионот со телата, за кој е утврдено дека пристигнал од Бугарија во неделата, е откриен рано изутринава во индустрискиот парк Вотерглејд.

Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу убиените, имало и еден тинејџер.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател изјави дека овој трагичен инцидент ја „шокирал и растажил“.

Таа на Твитер напиша дека полицијата во Есекс го упасила возачот и треба да и се овозможи да спроведе истрага.

Полицијата нагласи дека работи на идентификување на телата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1