Интензивните врнежи од дожд кои го зафатија кичевскиот регион во изминатите 24 часа, ги преполнија речните корита, што предизвика излевање на повеќето водотеци во овој регион, а поплавија и 50 куќи.
Се излеаја реките Треска, Зајашка Река, Беличка Река и некои помали водотеци, а при овие излевања поплавени се над 500 хектари ораници и ливади.
– Поплавени се околу 50 куќи, претежно во источниот дел од градот во близина на Зајашка Река, информираат од ЦУК во Кичево.
Поплавен е и стадионот на фудбалскиот клуб Влазериме, кој е во близина на Зајашка Река, каде теренот е пола метер под вода.
Врнежите во попладневните часови престанаа и се очекува водата да се повлече во речните корита.