Во која земја е најдобро да си мајка и вработена


woman_with_shopping_silhouette_0515-0911-2800-5229_SMUПо повод Меѓународниот ден на жената на 8 Март, Kанцеларијата за статистика на Европската Унија “Еуростат”објавува избор на податоците за жените во вработувањето и усогласување на работата и семејниот живот.

Според статистиката на Еуростат, најлесно е да се биде мајка и вработен во исто време во Холандија

Дури 81 проценти од жените во Холандија кои имаат едно дете помладо од 6 години работата со скратено работно време или вообичаено по три дена во неделата. Вака работи и висок 91 процент од жените кои имаат три или повеќе деца.

Втора е Австрија со 60% за оние со едно и 69% за оние со по три и повеќе деца.

woman-cookingМакедонија е на дното на листата каде бројот на мајки со едно дете кои можат да работат со скратено работно време изнесува 4.4 проценти и 3.1 процент на жените со по три и повеќе деца.

Највисок процент на жени менаџери има во Латвија (45%), Унгарија (41%) и Франција(40%), а најнизок во Кипар (15%), Грција (23%) и Малта (24%).

Жените доминираат во професијата наставник или 85 проценти од наставниците во основното образование се жени.

Овој процент е највисок во Чешка и Словенија (и во двете 97%), додека во високото образование се помалку застапени, а бројот на жени професори и истражувачи опаѓа.

Нова

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1