Ни Балканот не е тоа што беше – газат жените во политиката (Фото)


Зголеменото присуство на жените на челни позиции во земјите на Балканот сведочи за промени во овој традиционално патријахален регион, поттикнат со неговото приклучување на Европската унија.
Во минатото жените не го воделе главниот збор во политиката на овој конзервативен регион, но тие сега постепено ги заземаат водечките политички позиции, што е сигнал дека традиционалните правила се менуваат како што балканските земји се оддалечуваат од своето воено минато и се приближуваат кон Европската унија.

women men 2

Додека во текот на крвавите 90-ти години Балканот беше под доминација на воени лидери, мажи националисти, новиот милениум донесе криза од поинаков облик, економска стагнација, висока невработеност и политичка корупција во која жените, според мислењето на многумина, можат подобро да се снајдат.
Со охрабрувањата кои стигнуваат од ЕУ и под влијание на поблиските врски со Западот, се зголемува бројот на жените кои почнуваат да ги менуваат старите форми на однесување и делување на патријахалниот Балкан.
Некои сметаат дека жените се помалку националистички ориентирани и повеќе прилагодливи на проблемите на новиот век, како што се дипломатијата, консензус и компромис.
Наспроти тоа што секаде на Балканот стандардите за родовата рамноправност се уште далеку од тие во западните демократии, строгото патријахално Косово и Република Српска имаат жени на водечки позиции. 

zeni politika

Србија и Црна Гора, каде на политичките позиции доминираат мажи, усвоија закони за зголемување на бројот на жените на водечки позиции во рамки на обидите да ја убедат ЕУ дека лрипаѓаат на европскиот блок.
Така на пример во 90-тите години жени биле само 1,6 отсто од вкупниот број на пратеници во парламентот на Србија, што била најниска стапка во Европа.
Но, по падот на диктаторот Слободан Милошевиќ во 2000 година и со вложените напори кои ги прави Србија на патот кон евроинтеграциите, учеството на жените во парламентот се зголеми на 20 отсто, а усвоен е закон по кој секој трет кандидат на изборната листа треба да биде жена.

Promjena-vec-u-ozujku-Alenka-Bratusek-predlozena-za-mandatarku-slovenske-vlade_ca_large

– Моќта на жената во политиката е блага моќ – вели косовската претседателка Атифете Јахјага. – Фактот дека нашата земја и други земји во регионот даваат шанса на жените претставува позитивна промена.
промена се случи во Словенија во ликот на Аленка Братушек (43), харизматичен финансиски експерт, прва жена премиер на Словенија.
На Косово, каде пратениците неодамна добија брошура со избрани поговорки од кои една вели:
– Молчењето е единствено богатство кое го поседува жената –

atifete jhjaga

малку познатата Атифете Јахјага беше избрана за прва жена претседател, дел како резултат од компромисот со посредство на САД, со кој се заврши спорот меѓу политичките групи на поранешни бунтовници и сомнителни бизнисмени.
Vо – српската мини држава во Босна – уште една непозната политичарка Жељка Цвијановиќ исплива на површина
– Како жена, се надевам дека ќе донесам нов ветер и димензија на институциите на Република Српска – рече таа во едно интервју.

zeljka-cvijanovic-vlada-republike-srpske-1361993398-274673

Меѓутоа, состојбата не е иста ширум регионот. Во време на комунизмот по Втората светска војна, властите промовираа вклучување на жени во политиката, како дел од комунистичката агенда за полова рамноправност и тогаш жените заземале водечки позиции во владите и имале еднакви права, работни места, плати и образование.
На пример, Бугарија имала најголем број работно активни жени во светот во 70-тите години, а во политиката, потпретседателка, претседателка на Собрание, четири министерки и градоначалничка на Софија.Меѓутоа, старите навики тешко умираат.

vlora citaku

– Не можам ни на момент да заборавам дека сум жена. На тоа ме потсетуваат секој ден од кога влегов во владата – признава косовската министерка за европски интеграции Влора Читаку и додава дека во политиката со која доминираат мажи е многу тешко.
Според нејзините зборови, се уште важат старите стереотипи и и се поставуваат разни прашања. – Прво секогаш дали сум мажена и што мисли мојот татко за тоа што патувам сама во друштво со мажи.
А во Словенија набрзо откако беше избрана Братушек, нејзините политички противници на Твитер напишаа – нејзиниот мандат ќе биде долг колку што и е долго здолништето. Таа едноставно одговорила – Сакам за нас жените повеќе да не се суди само по должината на нашите здолништа.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1