Во Косово запленети повеќе од 2 милиони евра фалсификувани банкноти


Косовската полиција денеска уапсила двајца странски државјани, а во нивниот автомобил пронашла два милиони евра лажни банкноти во апоени од 500, 200, 100 и 50 евра.evra

Како што пренесува Ројтерс, ова е најголемото запленување на лажни банкноти во последните 20 години.

Осомничените, еден албански и еден камерунски државјанин, биле запрени од полицијата на границата со Албанија.

Во торбата со фалсификуваните пари се наоѓале и три илјади лисја хартија и хемикалии за печатење фалсификувани банкноти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1