Во Македонија моментално околу 30.000 луѓе имаат забрана да отвораат било какви фирми или дуќани, поради тоа што ниту со постоечките не раководат како што треба, пренесува Емагазин.
Тоа претставува околу 20 отсто од сите регистрирани стопански субјекти. Во Регистарот се евидентирани судски забрани на раководителите на претпријатијата, поради направени прекршоци, кривични дела кои резултирале со забрана за основање и управување со фирмата. Но, таквите лица во овој регистар ги нема во голем број. Најмногу ги има оние чии претпријатија имаат блокирани сметки.
Овој регистар во Македонија постои од 2011 година и во него се наоѓаат околу 30.000 сопственици и раководители во 10.000 до 15.000 фирми
Оваа листа на лоши управувачи и сопственици не е јавно достапна, но механизмот на македонскиот Централен регистар е така воспоставен што на нив автоматски им се забранува да отвораат било каква нова фирма или да се поставуваат во надзорни, управни одбори или раководни места.