Пред 60 години на 27 јануари е регистрирана најниската температура во Македонија. Во Берово во далечната 1954 година се измерени минус 31,5 степени Целзиусови
Ваквата температура е евидентиран како најниска во Македонија од 1925 година наваму.
Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка со 215 сантиметри.
Од Управата за хидрометеоролошки работи ниски темпертури најавија и за наредните неколку дена. Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти до -20 степени.