Русите со најмногу слободни денови за претстојните празници – еве колку одмараат


Работниците ширум светот имаат неработни денови за време на божикните и новогодишните празници, но нивниот број се разликува од држава до држава, при што најмногу слободни денови имаат Русите, а најмалку Кинезите, објави лондонски „Гардијан“.

Весникот наведува дека од причина што во најголемиот број европски држави христијанството е доминантна религија, во овој период од годината во Европа се прославуваат четири значајни празници – католичкиот и протестанскиот Божик на 25 декември, Нова година на 1 јануари, католичкото и протестанското Богојавление на 6 јануари и православниот Божик на 7 јануари.New Year's Eve celebrations, London, Britain - 31 Dec 2012

Во некои земји покрај овие се чествуваат и деновите на некои светци или пак секуларни празници поврзани со разни годишници или прогласувања независност, додава „Гардијан“.
Според весникот, најмногу слободни денови ќе имаат државјаните на Русија, каде Нова година се поврзува со Божик, па така тие нема да работат осум дена.

Седум неработни денови има во Ерменија и Лихтенштајн. Граѓаните на Лихтенштајн за Нова година имаат три неработни денови, а празници се и Бадник, Божик, денот по Божик, кој на Западот се нарекува „Боксинг“, како и Богојавление.

За повеќето Европејци неработни денови се само Божик, „Боксинг“ денот и Нова година.
Вон Европа најмногу неработни денови имаат жителите на Нов Зеланд (четири) и на Австралија (три). По два слободни дена имаат граѓаните на САД, Канада, Бразил и Јапонија, каде Божик не е празник, додека Кинезите не работат само за Нова година на 1 јануари, наведува „Гардијан“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1