Проклетство на малезиските авиони: Пак инцидент – Авион на AirAsia ја промашил пистата (ВИДЕО)


Нова авионска несреќа на малезиски авион го потресе светот. Имено, авион на компанијата ”AirAsia” ја промашил пистата при слетувањето во централниот дел на Филипините, при што леталото претрпело оштетувања, а според првичните информации, инцидентот се случил поради бурното време.1promasil500

Засега се уште нема информации за повредени. Патниците биле евакуирани со помош на тобогани, а аеродромот во градот Калибо ќе биде затворен за сообраќај додека авионот, чии што три тркала се заглавиле во кал, не биде отстранет од пистата, соопштиле од филипинската Цивилна управа за воздухопловство.

Инцидентот се случил само еден ден откако авионот на компанијата ”AirAsia” паднал во Јаванското море, во текот на летот од Индонезија до Сингапур, авионска несреќа во која што се наоѓале 162 патници и членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1