Во Македонија има 35 мултимилионери кои вкупно тежат 4 милијарди долари (билиони долари), покажува годишниот извештај World Ultra Wealth Report 2012-2013, (WUWR) , со што бројката на најбогати Македонци не се промени од минатата година.
Според критериумите на WUWR, во категоријата мултимилионери влегуваат сите чие богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари.
Хрватска е лидер во регионот според бројот на мултимилионерите. Во оваа земја живеаат 260 мултимилионери.
Во соседна Србија има 90 мултимилионери со вкупна актива од 11 милијарди долари, со што земјата се најде на 29-то место од 45 европски земји.
Во Босна и Херцеговина живеат 85 милионери, а Црна Гора има само 21 мултимилионери тешки две милијарди долари. Македонија не е опфатена во анализата.
Според извештајот, земја со најмногу мултимилионери во Европа е Германија, која има дури 15.770 мултимилионери.
Истражувањето на американските финансиски експерти покажа дека богатството најмногу расте во т.н. светот во развој или “новиот свет”, каде според нивната класификација влегува целиот азиско-пацифичкиот регион (со исклучок на Јапонија), Источна Европа и Латинска Америка.