Лекари си оделе дома кога сакаат


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) во петокот извршил контрола во неколку јавни здравствени установи и во неколку од нив открил дека дел од вработените, но и од менаџерскиот тим не го почитувале работното време и заминувале кога сакаат.

lekariКонтролата била извршена во петокот во периодот од 14 до 15.30 часот, а тимови на ДЗСИ биле во Клиниката за дерматологија, за гастроентерохепатологија, за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, за ревматологија, за очни болести, за неврологија, во Стоматолошкиот клинички центар, во Клиниката за уво нос и грло и во ЈЗУ ГОБ 8 Септемврии.

– Од извршениот увид, непочитување на работно време од страна на вработените во јавните здравствени установи е констатирано на Клиниката за дерматологија, Клиниката за ревматологија и Клиника за гастроентерохепатологија. Во останатите клиники констатирано е почитување на работно време на вработените. При овие вонредни надзори, покрај отсуство на вработени, констатирано е и отсуство на дел од менаџерите во неколку ЈЗУ, рече Џевџес Шаќири, директор на ДЗСИ

Во врска со откриените нерегуларности ќе бидат известени директорите на здравствените установи, а за случаите кога и тие не го почитувале работното време ќе биде информиран министерот Никола Тодоров.
– За сите констатирани непочитувања на работното време од страна на ДСЗИ ќе бидат известени директорите на здравствените установи, додека за непочитување на работното време од страна на директорите ќе биде известен кабинетот на Министерот за здравство, рече Шаќири.

Од ДСЗИ најавија дека ќе со засилен интензитет ќе продолжат да го контролираат спроведувањето на законските прописи во областа на здравството за да се изгради здравствен систем во кој пациентот е во центарот на вниманието на здравствената администрација.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1