Жерновски вработил 23 свои луѓе


ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, дека приоритет не му се граѓаните и нивните потреби, туку неговите и интересите на неговите сопартијци.

zernovski„Андреј Жерновски се’ уште нема направено ниту еден значаен проект за граѓаните на Центар, но тоа не му пречеше во Општината да вработи 23 свои сопартијци. Впрочем, затоа парите што беа предвидени за изградба на училиште во Капиштец, тој ги пренасочи за нови привремени, партиски вработувања. Да биде скандалот поголем, овие вработувања не се во нормалната законска постапка, со распишан конкурс на кој ќе може да се пријават сите, туку се лична одлука на градоначалникот. Тоа значи дека не може секој граѓанин да се вработи во Општина Центар, туку мора да е член на ЛДП, СДСМ или да е личен пријател на Жерновски“, рече Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1