Во Македонија се породиле 5 мигрантки, децата нема да добијат државјанство


Годинава пет мигрантки се породиле во Македонија. Две добиле принова во гевгелиската болница,  а по едно породување е извршено во Валандово, Штип и Систина, пренесува Сител.

Децата нема да добијат државјанство по основ на раѓање бидејќи услов е барем еден од родителите да се македонски државјани.bebe555

На патот кон Западна Европа низ земјава транзитираат стотици трудници. За една недела на пунктовите на Црвениот крст лекарска помош побарале 49 бремени жени.

Според податоците од организацијата со зголемување на бројот на мигранти, зголемен е и бројот на интервенции. Неделно помош добиваат и над 6.000 лица, а од 19 јули до сега биле третирани близу  41.500 бегалци од Блискиот Исток. Во пресрет на зимата Црвениот Крст со посебна стратегија за помош и подршка на мигрантите.

На двата пункта на Црвениот Крст во близина на Гевгелија и на Табановце секој ден на мигрантите им помагаат 9 медицински тимови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1