Во Москва ноќеска температурата падна под 20 степени, што е најстудена ноќ оваа зима, соопшти руската метеоролошка служба.
Според руските метеоролози, ниските темпертури во земјата ќе продолжат и на почетокот на следниот месец.
Иако Рим поради медитеранската клима има најчесто умерени зими, деновиве како резултат на арктичкиот бран која мина низ Европа, италијанскиот главен град е погоден од обилни снежни врнежи и ниски температури.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи синоќа донесе одлука од денекса сите државни училишта да останат затворени. Таа одлука ја прифатија и многу приватни образовни институции.
Училиштата се затворени и во северните и централните делови на Италија, а во многу делови на земјата сообраќајот се одвива отежнато.