Во најголема тајност, Каролина ќе го каже судбоносното „да“


Македонското девојче, пејачката Каролина Гочева, утре 23-ти септември ќе го изговори судбоносното „да“ на својот сакан, сликарот Михаил Корубин.

За разлика од останатите нејзини колеги на естрадата, Каролина може да се вброи како една од ретките што речиси никогаш не открива ништо од својата приватност, а така е и овој пат за нејзиниот голем ден.

Вистински преседан на својата пракса направи кога го доби свршеничкиот прстен во Париз. Тогаш на социјалните мрежи горделиво се пофали за својата среќа , за која тогаш сакаше сите да разберат.

Инаку, свадбата ќе се случи утре во Скопје, а невеста како што е редот е во медиумска илегала. Имено, највозбудливите моменти од подготовките, невестата ги чува во тајност – барем засега, а на социјалните мрежи нема ниту еден нов момент пред големиот чин.

Во медиумите веќе почнаа да се редат наслови за свадбата на Керол, а дали ќе остане така мистериозна за јавноста и за овој важен момент од нејзиниот живот, останува да видиме…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1