Најмалку 22 од жртвите на нападот на свадба во турскиот град Газиантеп биле помлади од 14 години, соопштија официјални лица.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека бомбашот-самоубиец бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години.
Според првичните информации, за нападот во кој загинаа 51 лице е одговорна Исламска држава.