Во наредните денови следи студено време со појава на врнежи од дожд и снег


Променливо облачно и студено време со сончеви период со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег ќе следи наредните денови.

Од УХМР најавуваат дека температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Утре и во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Утринките темпераутри утре ќе се движат од минус пет до 6 степени, во среда од минус пет до три, четрвток од минус шест до два, во петок во целата земја ќе бидат под нулата и ќе се движат од минус седум до минус еден, во сабота од минус четири до два степена и во недела од нула до пет степени.

Дневната темпереатура утре ќе биде меѓу два и 12 степени, во среда од три до 12, четврток од четири до 12, петок од пет до 13, сабота од 6 до 13 и недела од 6 до 14 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1