Во Охрид имало цунами – удрил кај Пештани


Крајбрежјето на Охридско Езеро некогаш било погодено од цунами, односно бранот удрил кај Лин во Албанија и кај Пештани, вели Бернд Вагнер, раководител на проектот за утврдување на староста на езерото, информира Ohrid news.

most ohridТим од триесетина светски научници ќе работи на испитувањето на седиментот кој ќе биде изваден од дното на Охридското Езеро, со цел да се утврди староста на едно од најзначајните природни езера во Светот. Проектот кој го предводи Универзитетот во Келн, Гермнанија, предвидува истражувањата да се вршат на пет точки во Езерото. Во оваа фаза ќе се дупчи на една точка во најдлабокиот дел од Охридското Езеро.

За таа цел на средина од езерото поставена е специјална плаформа донесена од САД, на која е инсталирана опрема за дупчење и вадење на седимент од дното на Охридското Езеро.

platformaezero– Веќе е извршено дупчење на длабочина од 104 метри и утврдена е старост до 150.000 години. Целта е да ја утврдиме целосната старост на Охридското Езеро за која претпоставуваме дека изнесува околу 2 милиони години, но исто така да ги истражиме еволутивните процеси, бидејќи Охридското Езеро има најголем број ендемски видови од сите природни езера во светот. Се очекува да бидат добиени значајни податоци за климатските промени и тектонските движења бидејќи имаме сознанија дека во минатото делови од крајбрежјето кај Лин од едната и Пештани од другата страна биле погодени од мало цунами – вели на презентацијата на проектот Бернд Вагнер, раководител на проектот кој го носи работното име „SCOPSCCO“.

Седиментот изваден од дното на езерото ќе се складира и анализира во Универзитетот во Келн, а научните сознанија во прво време ќе бидат достапни само за вклучените страни во проектот, а подоцна и за целокупната научна јавност во светот, истакна Вагнер. Научниците од Хидобиолошкиот завод од Охрид- ХБЗ, во оваа фаза не се директно вклучени во истражувањата, освен со логистичка поддршка.

Ohrid news

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1