Луксузни хотелски комплекси ќе се градат во Охрид. Веќе се бараат инвеститори за 10 локациите во населбите Свети Стефан, Далјан, Андон Дуков и Грашница.
Една од локациите на која ќе се гради современ хотелски капацитет е онаа на некогашниот хотел „Палас“, кој со години не работи и е руиниран. Овој хотел има нерешен имотно- правен статус и е под заштита на Управата за културно наследство.
Од општина Охрид се надеваат дека решавањето на статусот на овој објект може повторно да го врати сјајот на еден од најубавите хотели на охридското крајбрежје