На местото на малото пристаниште ќе никне марина и туристичко угостителски објект со што конечно овој дел од градот ќе стане нова туристичка атракција.
Согласно физибилити студијата идниот партнер ќе треба да го уреди просторот каде ќе се паркираат пловните објекти и да изгради модерен и луксузен ресторан кој ќе може охриѓани и гостите да го користат, а како јавна добивка ќе биде новата градска плажа .
Советниците од опозицијата пак велат дека на овој начин се губи уште еден слободен простор од крајбрежјето.
Согласно избраниот модел приватниот партнер ќе може да стопанисува со просторот во период од 20 години и ќе има обврска на општина Охрид да и плаќа надоместок, не помал од 10% од вкупниот приход кој ќе го остварува.