Во Охрид се продаваат небезбедни играчки за деца?


Низ повеќе продавници, на пазарите и на тезгите низ Охрид се продаваат играчки со сомнителен квалитет и потекло. Ова го тврдат дел од родители кои до сега имале негативно искуство со детските играчки, кои им ги купиле на своите деца.

-Во една од продавниците за играчки заедно со сопугот купивме автомобил со далечинско управување. Истиот чинеше околу 2.000 денари и беше запакуван во кутија на која имаше ознака ЦЕ, која според информациите со кои располагав треба да значи „Конформите’ Еуропеен“, односно играчки што имаат дозвола од ЕУ и не се штетни. Но откако му ја подаривме играчката на нашето дете забележав дека под знакот ЦЕ со ситни букви пишува „Кина Експортс“, што значи дека и покрај високата цена, сепак купивме кинеска играчка, раскажува млада мајка од Охрид, која апелира до надлежните да поведат мерки и контроли за да се утврди дали играчките кои се продаваат низ продавниците се безбедни по здравјето на децата.kineska-prodavnica-igracaka

Дека низ Охрид се продаваат играчки со нестандардизиран квалитет потврдуваат и дел од трговците кои се занимаваат со трговија на оргинални играчки и реквизити за деца.

-Како сомнителни можат да бидат играчките кои се без амбалажа или со амбалажа која е несоодветна за таа играчка. Исто така на тие играчките често пати не е назначен составот од кој се направени и возраста на децата кои можат да си играаат со нив. Но често пати само цената е пресудна за родителите и истите сакајќи да заштедат средства, се одлучуваат да купат играчки со сомнително потекло, објаснуваат дел од охридските трговци со детски реквизити.

Тие нагласуваат дека со оваа постапка родителите ризикуваат по здравјето на своето дете, затоа што материјалот од кој е направена играчката може да содржи и отровни материи.

Од охридското Советодавно биро на Организацијата на потрошувачи не информираа дека до сега до нив не пристигнала ниту една поплака од граѓани во врска со продажба на нестандардизирани детски играчи или сомнежи за нивниот квалитет.

-Ги охрабруваме сите купувачи да се обратат до нас и да пријават било какво негативно искуство со квалитетот на играчките кои се продаваат низ охридските продавници. Исто така тие можат да се пожалат и во Пазарната инспекција која е должна за надзор во сите сегменти на трговијата, велат од Организацијата на потрошувачи.

Од таму објаснуваат дека една играчка може да биде пуштена во промет само ако не ја загрозува безбедноста и здравјето на корисниците.

-Според законските прописи играчката не смее да биде пуштена во промет ако не ги исполнува осовните безбедносни услови во однос на механичките, физичките, хемиските, електричните и хигиенските својства. Исто така играчките не треба да содржат радиокативни елементи и супстанци, а за да се намалат ризиците при користење на играчките истите мора да бидат придружени со соодветни јасно видливи предупредувања и опомени за нивното користење, пишува во брошурата „Безбедност на детските играчки“ која е издадена од страна на Организацијата на потрошувачи на Република Македонија.

Во неа се појаснува дека знакот ЦЕ означува гаранција за безбедност на играчката. Оваа ознака е воведена од страна на Европската Унија и значи дека играчката е произведена според добро дефинирани стандарди за намалаување на физичките, хемиските, електричните и здравствените ризици.

Ohridnews.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1