Во Основниот граѓански суд Скопје од утре продолжуваат сите закажани судења


Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19.

-Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на Судски Совет на Република Македонија е објавена на веб страната на судот. Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда, соопшти Основниот граѓански суд Скопје

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1