Во оваа земја не плаќаат плин, струја и вода!


Граѓаните на Туркменистан, никогаш нема да се пожалат на сметки, затоа што ги немаат, барем оние за плин, струја и вода. Така е уште од 1993 година, но сега тоа би можело да се смени, затоа што претседателот на оваа богата земја сфатил дека сепак мораат да штедат енергија

turkmenistan3Пет милиони жители на оваа држава, чиј апсолутен владетел е Курбанкули Бердимухамедоц, кој изборите ги освои во 2006 година, а потоа со 97% повторно беше избран во 2012 година, уживаат во системот во кој нема потреба да издвојуваат пари за основните енергенси и вода.

Имено, се проценува дека Туркменистан има четврта по големина во светот, резерва на природен плин, па граѓаните уживаат во овој благодет.Меѓутоа, можно е оваа состојба да не потрае уште долго.Претседателот на Туркменистан, одлучи дека е време да се штеди и најави дека за почеток, секое домаќинство ќе мора да постави плино-мерачи, за рационално да се троши енергијата.

Тој не кажа кога точно ќе дојде до поставување на мерачите, ниту колку  граѓаните ќе треба да плаќаат за плинот.

turkmenistan2Бесплатното користење на плин во оваа земја, чини пет милијарди долари, а за претседателот тоа е преголем економски товар. Тој нагласи дека мора нешто да направат за да не ја однесат земјата во пропаст и покрај тоа што парламентот во 2006 година одлучи да продолжи политиката на бесплатна енергија до 2030 година.

-Инсталацијата на мерачите ќе им овозможи на луѓето, плинот да го користат поекономично, додека и онаа максимална уплата за природен гас нема да претставува никаков проблем за жителите- вели претседателот.

Инаку, Туркменистан последните години, се повеќе работи на извоз на природен плин, посебно во Кина со која има договорено извоз од 65 милијарди кубни метри плин до 2020 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1