Никогаш веќе нема да оди: Лекарите ги урнаа надежите на руската скијачка повредена во Сочи


Руската скијачка Мариа Комисарова, која по тешкиот пад на Олимписките игри во Сочи поради повреда на карлицата заврши во болница и до крајот на животот ќе остане неподвижна, тврдат лекарите.

maria komisarova soci

Несреќната Русинка кусо по доаѓањето во германската болница изјави дека не чувствува ништо од половината надоле, но дека сепак е уверена оти еден ден повторно ќе оди.

Но, рускиот скијачки сојуз денеска, повикувајќи се на германските доктори, објави дека Комисарова ќе остане трајно парализирана.

„Со оглед на тежината на повредата, оневозможено е обновување на функцијата на спиналниот канал“, ги цитира скијачкиот сојуз германските лекари.
20140215-Maria-KomissarovaСпоред мислењето на експертите, Мариа ќе може самостојно да се движи само со помош на специјална опрема, се наведува во соопштението.

Комисарова ја чекаат уште најмалку 10 седмици болничко закрепнување, по што следува долг период на рехабилитација.

Скијањето во слободен стил со акробации е една од најтешките скијачки дисциплини,а Комисарова се повреди додека во друштво на уште три натпреварувачки јуришаше низ опасната патека полна со препреки.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1