Видео: Астронаут проговори за средба со вонземјанин!


Нова телевизиска серија ќе ги прикажува некои од најчудните и мистериозни ситуации во кои се имаат најдено астронаутите на НАСА, пишува Huffington Post.

Како пример е посочен настанот на кој сведочел астронаутот Лирој Чиао кој повеќе од шест месеци управувал со Меѓународната вселенска станица.

astronautВо 2005 година, за време на вселенска прошетка, Лирој одеднаш видел сцена од која се исплашил.

-Здогледав светла наредени во формација и видов како пролетаа покрај мене. Тогаш помислив дека тоа е многу чудно, раскажува астронаутот за Huffington Post Лирој Чиао.

Тој е скептичен за можноста дека Земјата ја посетуваат вонземјани, но не ја исклучува можноста дека станува збор за нив.

-Јас сум човек со отворен ум и верувам дека постојат и други суштества во универзумот освен нас, вели тој додавајќи дека доколку постои друга цивилизација, тогаш е многу понапредна од нашата.

– Тие знаат како да патуваат на голема оддалеченост за краток период или се во можност да патуваат од паралелен универзум во нашиот, смета тој прашувајќи се ако е така тогаш зошто едноставно не им се покажат на луѓето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1