Во оваа земја Нова година е забранета – никој не смее да слави


Верската полиција во Саудиска Арабија ги предупреди граѓаните дека не смеат да ја прославуваат Новата година. Верската полиција образложила дека ваквата забрана е донесена од страна на верскиот поглавар од врховниот Комитет.

nova godinaСаудиска Арабија официјално го има прифатено муслиманскиот календар, за разлика од другите соседни земји кои се водат по Грегоријанскиот календар. Верската полиција ги спроведува законите на кралството, кои предупредуваат строга забрана на мешање меѓу половите и покривање на целото тело и главата на жената, кога се наоѓаат во јавност.

Оваа полиција се движи низ улиците за да провери дали продавниците се затворени за време на молитвите.Верската полиција во повеќе наврати е обвинета дека ги злоупотребува своите надлежности. Од доаѓањето на Абдулатиф бин Абдулазиза ал Шеик на нејзино чело, во јануари 2012 година, припадниците на оваа единица не смеат да користат необележани возила. Полицијата забранува и продажба на црвени ружи и останати поклони на Денот на заљубените, 14 февруари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1