Во овие градови вчера наврнало најмногу дожд


Во Пожар, Претор, Куманово, Гевгелија и Демир Капија во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд.dozd_1_7

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во Пожар наврнати се 57 литри на метар квадратен, во Претор 42, Куманово 38, Гевгелија 32, Берово 29, Лазарополе, Штип и Струмица 28, Кавадарци 27, Прилеп и Крушево 25, Скопје и Ѓуриште 24, Маврово 20, Крива Паланка 19, Битола 18, Тополчани 16, Дојран 14, Виница 12, Тетово и Охрид 11 и во Дебар 8 литри на метар квадратен.

Денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 18 до 24 степени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1