Мигранти го блокираа граничниот премин Брегане меѓу Хрватска и Словенија


Над 300 илегални имигранти синоќа целосно го блокираа граничниот премин Брегане на границата меѓу Хрватска и Словенија, објави загрепскиот весник „Вечерњи лист“.migranti-hrvatska1

Според весникот, блокадата ја поттикнале група словенечки активисти кои го поддржуваат влезот на бегалците во Словенија. Тие им препорачале на имигрантите да го блокираат преминот со цел да извршат доплнителен притисок врз словенечката полиција за да побрзо да ги пушти да влезат во Словенија.

Бегалците седеле или лежеле на патот извикувајќи „Отворете ја границата“, со што го спречиле движењето на сите оние кои сакале да ја мината границата.

На место на настанот приситгнале околу 60 припадници на словенечката полиција за справување со немири, придружувани од кучиња, кои формирале жив ѕид на преминот, а реонот го надлетувал и полициски хеликоптер.

Според „Вечерњи лист“ на преминот е формирана колона возила долга неколку километри.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1