Во овој град никој не умира – забрането е


Најраната забрана за смрт датира од 5-от век пред н.е., кога умирањето било забрането на грчкиот остров Делос, заради религиозни причини. Иако ретка, истата пракса продолжува да живее и ден денес, а секое од местата што ја практикува си има свои причини – од религиозни, па до еколошки фактори.

6824889-death-life-and-death-cemetery-grave-burial-electricity

Ицукушима, Јапонија

Според верувањето Шинто, јапонскиот остров Ицукушима е свето место, а оддржувањето на неговата чистост е грижа од највисок приоритет. Во обид да се зачува светоста на островот, монасите од храмот даваат се од себе да не се случи смрт на територијата на островот. Уште од 1878-ма, смртта и раѓањето се забранети во близина на храмот. На бремените жени кои наскоро се очекува да се породат, на постарите лица и на оние тешко болните, пристапот им е забранет.
На островот се има случено само една битка, во 1555-та, а командантот на победничката војска наредил итно отстранување на мртвите тела од просторот. Целиот остров бил измиен од крвта што била пролеана, а земјата натопена со неа била исфрлена од островот. Дури и објектите биле одново фасадирани.

Лонгјирбјен, Норвешка

Арктичкиот град сместен на Шпицбершките Острови (Свалбард) има слично правило. Смррта е забранета, а градот има само мали гробишта кои не прифаќаат нови покојници веќе 70 години. Причината е што во овој град, мртвите тела не се распаѓаат. Локалните жители и научниците откриле дека телата закопани во Лонгјирбјен всушност се перфектно зачувани, а главен виновник е пермафростот. Анализирано било и ткиво од телото на еден од закопаните, а научниците нашле живи траги од вирусот инфлуенца од кој и самиот покојник умрел за време на епидемијата во 1917-тата.
Луѓето што се тешко болни или за кои се очекува наскоро да починат, во најбрз можен рок, со брод или авион, се испраќаат во други делови од Норвершка, каде што ги поминуваат последните мигови од животот.kovcheg-660x440

Фалциано дел Масико, Италија

Во ова мало градче во јужна Италија, приказната е малку поинаква. На луѓето не им е дозволено да умираат, но не заради екологијата или религиозните верувања, туку затоа што нема доволно простор за мртвите да бидат закопани.
Во март, 2012-тата, градоначалникот издаде јасна одредба: „Забрането е жителите да одат зад границите на земјениот живот, и да одат во живот после смртта“. Уште од 1964-тата, кога беа поместени границите на градчето, Фалциано дел Масико е во спор со соседниот град, спор кој се однесува на правото на старите гробишта. Во меѓувреме, градоначалникот донесе одлука да се изградат нови гробишта, ама во меѓувреме, луѓето мораат да ја одолговлекуваат смртта.

Сарпорен, Франција

Градоначалникот на ова живописно село во југозападна Франција издаде декрет со кој на луѓето им е забрането да умираат. Одлуката беше донесена откако францускиот суд одби да го одобри планот за проширување на градските гробишта. Во меѓувреме, градоначалникот Жерар Лалан отиде и чекор подалеку – не само што ја забрани смртта, туку „секој што ќе се осмели да умре“ ќе биде строго санкциониран. Како, останува непознато.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1