Во Пакистан каменувана жена која се омажила од љубов – починала


Пред судската зграда во пакистанскиот град Лахор денеска семејството ја каменуваше и погуби 25-годишна Фарзана Икбал, која се омажила од љубов.

iran-kamenovanje-kazna-1328585176-64114-630x472Околу десетина мажи, меѓу кои биле и татко и, двајца браќа и нејзиниот поранешниот вереник фрлале камења и тули кон Фарзана. Таа се здобиле со тешки повреди на главата од кои починала во болница.

Мажите веднаш побегнале од местото пред да дојде полицијата. Единствениот уапсен бил таткото на Икбал, кој признал дека ја убил својата ќерка за да ја зачува семејната чест. Според традиционалните обичаи, што се уште се присутни низ Пакистан, жената е должна да се омажи за оној кого ќе и го изберат мажите од семејството.

Секоја година околу 1.000 пакистански жени стануваат жртви на „убиства заради чест“, извршувани со учество на нивните семејства, наведуваат организациите за заштита на човековите права.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1