На тезгите на битолскиот пазар денеска минатогодишниот грав се продаваше за најмалку 20 проценти поскапо.
Продавачите го очекуваат новиот род на гравот, па ваквите неочекувани поскапувања ги толкуваат како подготовка за она што може да претстои. Тезгаџиите веќе очекуваат дека новата цена би можела да достигне и до 300 денари за еден килограм, пишува Мкд.мк
Ланскиот грав чини од 150 до 180 денари за еден килограм.
„Ако се остварат најавите за новата цена од 300 денари, нема ни да го купуваме за да го препродаваме“, велат битолските пазарџии.
Последнава недела забележливо е поскапувањето за околу 20 проценти на гравот и на оризот.
„Ако гравот почне да се продава за 300 денари за килограм, тогаш немаа и да го купуваме веќе“, изјавуваат за ТВ Тера битолчани.
„Цената ќе ја промени навиката во петок да се готви грав“, велат битолчани.