Во тајна просторија во еден подрум пронајдено е загубено руско богатство, златни прачки, слики, икони .
Научниците од Националниот универзитет во Узбекистан откриле во една од зградите во историскиот дел на Ташкент богатство вредно повеќе од милион долари . Досега се сметало дека овие предмети биле загубени пред најмалку 80 години.
Загубеното руско богатство е пронајдено во тајна просторија која се наоѓала во подрумот на една од зградите.
Стручњаците откриле и експонати од колекцијата на дворецот на Романови во Ташкент од 1918 година и предмети кои им припаѓале на жртви на репресијата а Сталин и на руски научници, членови на царското семејство кои се преселиле од Европа и Санкт Петербург во Узбекистан.
Меѓу пронајдените предмети се и златен микроскоп од 19 век, златни пари, вредни книги, ракописи, слики, икони…