Во понеделник почнува војна во Скопје ако не бидат ослободени осудените од Монструм!!!


Сосем нова, четврта албанска герилска формација и се заканува на македонската полиција.Доколку до понеделник не бидат ослободени шестемина Албанци осудени во случајот „Монструм“, Ослободителна војска на Скопје ќе почне да ја напаѓа полицијата – објавија вечерње новости.

protesti555– Доколку албанските затвореници не бидат ослободени од 14 јули, Ослободителната војска ќе превземе озбилни чекори и масовни напади на македонската полиција – соопшти „главниот штаб“ на оваа формација која прв пат се претставува во јавноста- пренесува РТС.

Ослободителната војска на Скопје, е четврта вооружена формација која на територијата на Македонија се огласила од крајот на конфликтот во 2001 година и расформирањето на Ослободителната национална армија, на чие чело се наоѓаа Али Ахмети и Гзим Острени – пишуваат новости.

Неформални групи Албанци, на социјалните мрежи, организирале протест против овие пресуди, а минатиот петок демонстрантите жестоко се судрија со полицијата во Скопје. Во нередите се повредени дваесетина луѓе, а учесниците на протесто ширеа најразлични пораќи од „не сме терористи“ до знамето на Ал Каида.

У неколку македонски градови се одржуваат секојдневни протести од страна на Албанците, а собири за подршка се одржани и во Тирана и Приштина, каде локалните навивачи палеле македонски знамиња – пишува вечерње новости.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1