Меси најдобар фудбалер на првенството


Аргентинецот Лионел Меси не успеа да го освои Светско првенство, но ФИФА му ја додели наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот.

mesiНо општото мислење на фудбалската јавност е дека на првенството барем неколку играчи имаа повпечатливо светското првенство од него.

Златната ракавица за најдобар голман на турнирот му припадна на Мануел Нојер.

На чело на листата на стрелци остана Хамес Родригез со шест погодоци, Златната Копачка патува кај Колумбиецот.

Пол Погба е најдобриот млад фудбалер на првенството, а Колумбија ја доби наградата за фер плеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1