Израел удри по Газа и од воздух и од копно


Израелските морнарски команданти вчера почнаа копнена операција на северот на Појасот Газа, прва откако почна офанзивата против Хамас. Израел ноќта меѓу саботата и неделата изведе воздушни напади над безбедносните штабови и полициските станици на Газа, што беше најтешкото бомбардирање од почнувањето на операциите на 8 јули, пренесе Би-би-си. Пристигнаа вести и дека е изведен напад над место од каде што се лансирале ракети, во близина на брегот. Израел додаде и дека палестинските милитанти во саботата истрелале околу 90 ракети од Газа кон нивната територија.

gazaГаза соопшти дека во воздушните напади загинале најмалку 159 Палестинци. Меѓу нив се и 17 члена од една фамилија, кои загинале при ракетните напади во саботата вечерта.

Израел вели дека ги напаѓа милитантите и објектите на Хамас, вклучително и домовите на поискусни оперативци. ОН проценија дека 77 отсто од убиените во Газа се цивили.

Вчера во раните утрински часови воздушните напади од Израел уништиле голем дел од штабовите за безбедност и полициските станици водени од исламистичките милитанти на Хамас, пренесе Би-би-си. Домовите во близината на безбедносните објекти претрпеле голема штета, бидејќи штабовите се лоцирани во густо населеното соседство на Тел ал-Хава во јужна Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) исто така соопштија дека трупите нападнале и место што се употребувало за лансирање ракети со долг дострел кон Израел.

-Ние не сакаме да ги повредиме цивилите во Газа, но овие цивили мора да знаат дека останувањето во близина на терористите и инфраструктурата на Хамас е екстремно небезбедно – соопштија од ИДФ.

1214-gaza-wall-egypt_full_600Силите додаваат и дека досега нападнале околу 1.320 места во Газа, а Хамас истрелале повеќе од 800 ракети кон Израел. Најмалку петмина Израелци беа повредени минатата недела од ракетни напади, но од израелската страна нема загинати од нападите. Палестински извори велат дека откако Израел ја почнал офанзивата, повредени се над илјада луѓе.

Воздушните напади се зачестија по киднапирањето и убиството на тројца израелски тинејџери во јуни, за што Израел го обвини Хамас, а групата негира дека стои зад тоа. Тензиите се зголемија уште повеќе по убиството на палестински тинејџер во Ерусалим на 2 јули. Израел и милитантите во Газа во ноември 2012 година имаа осумдневна војна, која заврши со примирје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1