Во Јужен Урал заврна снег


Жителите на Златоуст,  во Челјабинската област во Русија, беа сведоци на досега невидена појава во овој период од годината, во нивното место заврна снег среде лето.

sneg pagjaВчера, според очевидци, поројниот дожд преминал во снежна бура.

– Тоа дури не беше дожд, измешан со снег, туку вистински снег, како во зима. Снегот брзо стопи, изјави жител на Златоуст Валериј Семјаников.

Според локални медиуми, во некои реони на Челјабинската област дури се задржала времена снежна покривка со дебелина од пет до десет сантиметри. Снег паѓал и во Сатки.

Медиумите истакнуваат дека досега во јули во Јужен Уран никогаш не паднал снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1