На 16.12.2014 година во 22,30 часот во с.Куклиш, струмичко, во долниот кат на куќа избувнал пожар во кој изгорел целиот кат.
Во пожарот како последица на труење со чад починала Еленка З.(60), која во моментот на пожарот спиела. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Од страна на ТППЕ Струмица пожарот е изгаснат. Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од СВР Струмица.