Осумдесет годишен маж настрада во пожар што избил во куќичка во штипската викенд населба „Суитлак“, доцна попладнево.
Командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип Кире Патраклиев изјави дека и покрај брзата интервенција пожарникарите не успеале да го извлечат 80-годишниот маж, кој бил инвалид.