АМСМ потсетува дека поради обилните врнежи дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по скопската обиколница, од клучката Хиподром до клучката Сарај.
Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу нејзиното расчистување.
Според АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема задржувања подолги од половина час.