Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, поради лавина кај манастирот свети Јован Бигорски, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица од село Истибања до браната Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента.
АМСМ на возачите им препорачува внимателно управување со возилата.
На денешниот состанок и Координативното тело ја разгледуа состoјбата во кризите пордачја по вчерашните врнежи. Поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница. Како критични точки се утврдени сите наслени места што се по течението на реката Брегалница и тоа во: Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и во Штип.
Се апелира до сите жители од овие населени места да бидат претпазливи, да ги осигураат вредните предменти на сигурни места и физички да ги обезбедат своите имоти.
Се апелира до сите жители на овие места да се обратат до Општините, до регионалните центри на ЦУК на бесплатниот број 195 и Дирекцијата за заштита и спасување.