Апел: Надоаѓа Брегалница,осигурајте ги вредните предмети и своите имоти


Министерството за транспорт и врски апелира жителите на Виница, Чешиново-Облешево, Кочани, Карбинци и Штип да ги осигураат вредните предмети на сигурни места и физички да ги обезбедат своите имоти зашто поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница.

Како критични точки се утврдени сите наслени места што се по течението на реката Брегалница и тоа во: Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и во Штип.

poplava bregalnica stip

Се апелира до сите жители на овие места да се обратат до Општините, до регионалните центри на ЦУК на бесплатниот број 195 и Дирекцијата за заштита и спасување.
Координативнотот тело препорачува будно следење на состојбата од страна на сите надлежни институции и самите граѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1