Во Прилеп четвoрицата заболени се во добра состојба, едно од нив е деветгодишно дете


Четворицата новозаболени од корона вирусот во Прилеп се во добра состојба и се во самоизолација. Од нив едно е дете на деветгодишна возраст, две жени и еден маж, информираат од Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Според директорката на Центарот Драгица Николоска, двајца од четворицата новозаболени лица се во сродство со првозаболените двајца сопружници на над 60-годишна возраст. Синот на брачната двојка е негативен на тестирањето и се бара изворот на заразата.

-Од вкупно земените 20 брисови во текот на вчерашниот ден, четири брисеви се позитивни за корона вирус. Од нив, едно е дете на 9-годишна возраст, две женски лица од 35 години и едно машко лице на возраст од 36 години. Детето и мајката се во сродство со првите двајца заболени сопружници од корона вирусот. Синот на брачната двојка прво заразени е тестиран и е негативен. Инаку денес, а и утре, се анкетират сите кои имале примарен или секундарен контакт со потврдените случаи. Доколку епидемиелозите, преку епидемиолошка анкета утврдат дека треба да се тестираат и останатите, тоа ќе се знае најдоцна до утре. Сите се во самоизолација од првиот ден, комплетно изолирани од институциите каде работат. Заразените со вирусот се во општа добра здравствена состојба. Во моментов, епидемиолошката служба работи да ја најде поврзаноста на случаите и за да се најде кој е изворот на заразата. Во текот на денешниот ден се тестирани седум нови лица и резултати треба да има за 24 часа, изјави Николоска.

Од понеделникот почнаа со работа 14 пунктови во државава, еден од нив е и во Прилеп во просториите на Центарот за јавно здравје.

-Закажувањето е преку матичен лекар на Мој термин и досега, во ситуацијата во која се наоѓавме, беа дозволени само седум брисеви во текот на едно деноноќие. Но како што се променува ситуацијата, бројот на дозоволените брисеви по епидемиолошка индикација полека се зголемува. Закажувањето е преку Мој термин и работиме од понеделник до петок, а сега најново е дека и преку утрешниот ден, сабота, ќе биде возможно тестирање. Ново е што од денеска и инфектолозите ќе може да креираат упати, а земањето брисеви ќе биде во Инфективното одделение при градската болница, објаснува Николоска.

Директорот на прилепската градска болница Драган Богоески вели дека имаат доволно медицински персонал, а инфективното одделение е подготвено да прими пациенти со редна клиничка слика на заразеност.

-Инфективното одделение на прилепската градска болница со соодветни капацитети е подготвено да прифати пациенти кои се сомнителни или со средна клиничка сила на болеста во доволен број, плус дополнителен капацитет од осум кревети за да се сместат ако се случи да имаме поголем број на заболени од корона вирусот. Согласно со прпораките, превидено е да ги третираме среднотешките форми, додека пциентите со лесна клиничка слика останиваат во домашно лекување. немаме заболени од здравствените работници, ги имаме во доволен број. дел здравствени работници, по препораката на Владата, на пример со хронични зболувања, се дома, другите се во добра здравствена кондиција. Во моментов има само итни операции, збранети се посети, вели Богоески.

Прилепскиот градоналачник Илија Јованоски апелира на смиреност и да нема паника. Од утре ќе има засилена конторла на влезовите во градот со таканаречени „корита“ за дезинфекција на возачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1