Првата голема компанија што деновиве ќе почне со изградба на фабриката во технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) кај Алинци е американската компанија „Гентерм“, која производството треба да го почне до октомври.
Фабриката ќе се гради на површина од 20 илјади квадрати, а вкупната инвестиција ќе изнесува 20 милиони евра. Во почетокот ќе има и 200 вработувања, а најавуваат до крајот вкупно 2.000 вработувања.
Ќе произведува клима-уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како „Бентли“, „Рено“, „БМВ“, „Порше“ и „Фиат“
Во компанијата велат дека едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности биле главните причини поради кои ја одбрале Македонија за нивната нова инвестиција. „Гентерм“ е глобална брзорастечка компанија, која произведува електроуреди за регулирање на термалната енергија во автомобилите. Има вкупно 8.600 вработени во капацитетите во САД и во Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари.