Во Русија откриен фосилизиран заб на куче стар 33.000 години


Руските научници во Сибир пронајдоа фосилизиран заб на домашен пес стар 33.000 години. Станува збор за еден од најстарите познати фосили „на најдобриот пријател на човекот“, се истакнува во студијата објавена во научното списание „PLOS ONE“. 

zab rusijaДНК анализата на забот покажала дека навистина станува збор за предок на модерниот пес, изјави една од коавторите на студијата, Ана Дружкова, научник на рускиот институт за молекуларна и ќелиска биологија.

Кучињата се припитомени пред човекот да почне да се занимава со земјоделие, пред околу 10.000 години. Научниците, меѓутоа, не знаат кога точно дошло до раздвојувањето на кучињата и волците во два одвоени вида, верувајќи дека тоа се случило пред повеќе од 100.000 години.

Најстарите до сега пронајдени фосили на модерниот пес се од околу 36.000 години.

Истражувачите, кои го откриле забот, наречен „Алтајски пес“, по планините каде фосилот е пронајден, објасниле дека оваа животно е многу поблиско до модерното куче и праисториските кучиња пронајдени на американско тло, отколку со волците

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1