Во Русија падна портокалов снег (Видео)


Локалните жители во Саратов (околу 850 километри од Москва) станаа сведоци на необична појава – во градот падна портокалов снег, информира ИА „Свободние новости“, пренесува Руска Реч на македонски јазик.

Во обласниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина го објаснија настанот со минувањето на циклон од Западна Сахара над регионот.

sneg portokalov

„Воздушната маса ни дојде од Северна Африка преку Средоземното и Црното море. Воздушната маса од Сахара, полна со прав, откако примила еден дел песок и влага, сега паѓа на европскиот дел од нашата земја и Кримскиот полуостров. А таквата необична боја му ја дава обичниот песок“, соопшти раководителот на регионалната метеоролошка служба Михаил Болтухин.

Според метеоролозите, портокаловиот снег не претставува никаква опасност – жолто-портокаловиот снег нема да му наштети ни на човекот, ни на животните. „Апсолутно нема потреба од страв. Не паднаа камења“, прецизираше Болтухин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1