Православните христијани на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.
Православните христијани на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.
Нашите претци на тој ден изведувале разни ритуали обидувајќи се да дознаат што ги чека во иднина и го молеле светецот да им помогне во остварувањето на желбите.
На Свети Јован верниците не се веселат, а по можност и во раце не треба да се зема нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено, бидејќи бојата ја симболизира невино пролеаната крв на светителот.
Херцеговците на овој ден не извршуваат тешки работи и водат сметка да не работат ништо околу семиња. Внимаваат на кој ден се паѓа Усекување и цела година избегнуваат на тој ден било каква активност во врска со семињата.
Србите и Македонците на овој ден постат. На децата не им даваат ништо што има црвена боја. Ни јаболко, ни домат, ни праска, ниту црвено грозје. На овој ден треба да се собираат лековити тревки: кантарион, нане, коњска чубура, линцура…
Кај народот постои обичај луѓето да се збратимуваат на Свети Јован, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и чесност. Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Се слави славата Св. Јован, но и именден. Се смета дека Св Јован е трета по ред слава која се празнува меѓу семејствата, веднаш по Св. Никола и Архангел Михаил.