Во сабота и недела времен сообраќаен режим во центарот на Скопје


Поради претстојните велигденски празници, Градот Скопје ги известува  граѓаните,  дека од 11.04.2015 година (сабота) 18.00 часот до 06.00 часот наредниот ден 12.04.2015 година (недела), ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од булеварот „Партизански Одреди“, од крстосницата со улицата „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“, како и на дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“.

Автобусите кои го опслужуваат јавниот градски сообраќај и се движат во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници:partizanska-semafor

– улица „Димитрие Чуповски“;  Булевар  „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Френклин Рузвелт“;

Автобусите кои се движат преку булеварот „Гоце Делчев“, во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници:

– Булевар  „Илинден“ и улица  „Френклин Рузвелт“;

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански Одреди“ во насоката исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следните сообраќајници:

-Улица  „Френклин Рузвелт“; булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“; улица „Димитрие Чуповски“; и улица  „11 Октомври“;

Додека автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат од Карпош во насоката исток, преку булевар „Гоце Делчев“ ќе бидат пренасочени и ќе се движат по

– Улица  „Френклин Рузвелт“; и булевар „Илинден“, вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и при тоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1