Студениот бран кој ќе ја зафати Македонија од среда, веќе во петок ќе донесе негативни утрински температури, кои ќе се движат меѓу -2 и 0 степени, а во сабота, можни се слаби провејувања на снег во утринските часови, јави Прес 24.
Според метеоролозите, темературата од среда нема да биде повисока од 10 степени Целзиусови, а зголемената облачност ќе донесе врнежи, кои во четврток ќе бидат особено интензивни.
Најниска температура не очекува во четврток и во петок, кога утринските ќе се спуштат и до -2 степени, а дневните од 7 до 10 степени.
Прогнозите се дека слично време не очекува и во последната недела од октомври, кога утриската температури ќе оди и до -5 степени, а максималните дневна темпертура нема да надмине 7 степени.