Во сабота прослава низ Македонија по повод поканата од НАТО


Македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев пристигна на самитот на НАТО, каде генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг официјално ќе им ја врачи поканата за започнување на претпристапните преговори за членство во НАТО.

По пристигнувањето, премиерот Заев пред новинарите рече дека ова е историски ден за Македонија и најави за во сабота прослава во 15 градови низ Македонија.

Заев додаде дека македонските граѓани се најголемите поддржувачи на членството во НАТО и Европската унија.

Прослава по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, ќе има во 15 градови во земјава, соопшти првиот човек на Владата, Зоран Заев во Брисел.

Прославата ќе се случува в сабота.

„Ве повикувам да прославиме заедно на 14 јули низ градовите. Со домашна музика да си честитаме затоа што Македонија оди напред“, рече Заев и додаде дека тој лично се радува за поканата.

З

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1